Франција донираше техничка опрема и софтвер за Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи.
Донацијата беше врачена денеска од страна на францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, кој оствари средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Партнери на овој проект се Националниот институт за криминалистичка техника од Лион, кој ги обезбеди плановите за опремата, како и Дирекцијата за соработка во областа на безбедноста и одбраната (DCSD) при француското Министерство за Европа и надворешни работи, која ја финансираше донацијата, заедно со компанијата „Ивотехна“, која ги спроведе работите. Всушност, оваа активност од билатералната соработка е дел од француско-германската иницијатива за борба против трговијата со мало и лесно оружје и муниција со мал калибар и француската меѓуминистерска стратегија за Западен Балкан, информира денеска Министерството за внатреши работи.