Македонија 21. јули 2020. / 11:26

Таткото на Боки и се нафрли на Рускоска: Не дозволувам на 63 години да ме правите криминалец

Таткото на Боки и се нафрли на Рускоска: Не дозволувам на 63 години да ме правите криминалец

Миле Јовановски на денешното рочиште и се нафрли на Обвинителката Рускоска.

Откако судијката Ефремова-Гаврилова го праша дали разбира зошто е обвинет тој се обрати кон Рускоска.

– Не го разбирам обвинението и не знам зошто сум обвинет. На 63 години ме правите криминалец. Не дозволувам да кажете дека од 91-ва година сум невработен, се изјасни Јовановски.