Актерот Сашо Тасевски на јавноста и е познат како голем критичар на секоја власт, па исто е ситуацијата и со актуелната владејачка гарнитура. На гостување на емисијата „Неделен бригинг“ на Инфомакс тој вели дека Груевски за некои работи бил барем трошка патриот бидејќи носел многу странски инвестиции во државава.
Новинарот Александар Митовски го праша актерот Тасевски што го поттикнало да напише објава на Фејсбук каде го бара Груевски да се врати.
– Јас никогаш не сум бил воспитуван, покрај сликите на Карев и Гоце Делчев… Никогаш не сум имал изразено емотивно националистичко чувство на Македонец. Но кога оваа власт дојде, и рефлексно самото ми дојде, и првата моја реакција беше „а бе кој е тој што сака да ми смени име“. Некој пробува да ти го продаде тоа како државно и национално прашање и интерес. Ако збориме за некои права, основни човекови права, вели актерот Тасевски.
Тој вика дека на Груевски му наместиле јамка.
– Многу ми беше јасно кај ќе одат овие и тогаш. Треба да ги вратиме работите од 90-ите години, некои работи не се пресечени како Александар гордиевиот јазол пресечени тап и кратко и јасно. Ти сфаќаш дека му ја местат јамката на Грујо, и тоа се странски амбасади политики, странци, со лажирања, пропаганди, фиктивни референдуми… Но не ја сфаќаш причината за сето тоа, само да го излажат да си го смени името Македонија, додава актерот.
Според него Груевски ја подобрил економијата и затоа го смета за патриот во споредба со актуелната власт. Затоа тој смета кешки да се врати власта на Груевски.
– Ти сфаќаш дека Груевски, некои работи што ги правел, барем трошка патриот бил, таков каов што бил, во патриотска смисла, економија, странски инвестиции и капитални инвестиции, гледаш дека бил не едно туку неколку копја бил пред овие.Барем се гледаше дека нешто работиме, а бе овие ништо не праат, од авион се гледа дека ништо не праат. Токму затоа беше таа реакција моја, да се смени идентитетот, она што сите претходни влади вклучувајќи ги и оние влади на Бранко Црвенковски. Дека практично тоа било горливото прашање, да се реши македонското прашање, но на штета на Македонците… И кога ќе излезат тие работи на видело, и си викаш кешки да останеше владата на Никола Груевски, или Бранко или на било кој, кога нас нации не гледаат со сожалување, кога ни го газат нашето достоинство. Е од таму беше предизвикано, завршува Тасевски.