Советникот на премиерот Зоран Заев, Марјан Забрчанец на својот Фејсбук профил се прашува зошто просветните работници најавуваат штрајк во услови на раст на платите.
На Забрчанец не му е јасно како тие се бунат, а одговор му даде актерот Сашо Тасевски.
– Во септември 2018 година просветарите добија покачување на платите за 5%. Во септември 2019 се активира ново покачување за уште 5% или вкупно раст на платата за 10.8% во споредба со пред една година.
Владата и СОНК разговараат за нови покачувања во 2020 година.
Која е причината да се штрајкува при раст на плати?
Која е причината децата да страдаат додека растат платите во образованието? – напиша Забрчанец.
Во коментарите под натписот одговор дава меѓу останатите и Тасевски.
– Слушај фраер, некој учел факултет, дипломирал, магистрирал, 20 години е професор во средно, а ти се правиш мутав, зошто не е задоволен со 23 илјади плата… Тој цинизам твој ви зема гласови со прогресија. За промена пробај да ги чуеш, наместо да го глумиш Латас. – му одговори Тасевски на Забрчанец.