Македонија 17. март 2019. / 18:24

Тасева: Треба да се тргне изборот на јавен обвинител од рацете на политиката

Тасева: Треба да се тргне изборот на јавен обвинител од рацете на политиката

Изборот на специјален јавен обвинител странец или јавен обвинител на предлог на опозицијата не е соодветно решение, смета Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл. Вели дека политиката треба да ги тргне рацете од изборот на обвинителите.

 

-Мислам дека треба да се тргне изборот на јавен обвинител од рацете на политиката Најмалку што можеме да направиме имајќи го предвид начинот на избор на членовите на Антикорупциската комисија, ние имаме во нашиот регион и пошироко најдобар начин на избор на членови на едно регулаторно тело. Таков модел би можело да се преслика и во изборот на јавен обвинител и на сите регулаторни тела каде сега имаме многу непотизам, судир на интереси и корупција. Значи треба да се обезбеди јавност. Јавно интервјуирање, еден систем на ветинг. Да се проверат тие луѓе не само од аспект на имотна состојба туку целокупното нивно работење-вели Тасева за магазинот Детектор.

 

Прашана дали тоа треба да важи за СЈО Тасева вели:

-Да, тоа треба да важи за сите-

-„Дали треба тоа да влезе во новиот закон за СЈО?“

-Ако е тоа дилемата дали да се оди со продолжување на мандатот на овој обвинител мислам дека дилемата ќе се расчисти ако се направи отворен конкурс на кој ќе се пријават и други па да видиме јавно колку тие можат да одговорат ако тоа интервјус е прави јавно согласно потребите за компетенции кои треба да ги има таа институција-вели Тасева за Детектор.