Македонија 17. јуни 2020. / 11:02

Тасева: Тенка е линијата меѓу помош и предизборен поткуп со платежните картички

Тасева: Тенка е линијата меѓу помош и предизборен поткуп со платежните картички

Во синоќешното во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, професорката Слаѓана Тасева, изнесе мислење дека издавањето на платежните картички во некоја рака добива димензија на популизам која во предизборни услови, како што рече, може да се смета дека може да биде и придобивање на гласачи или граѓани кои би гласале за одредени политики или политички опции.

И тука линија помеѓу предизборен поткуп и реално поддршка на граѓаните, кога зборуваме како овие прашања се уредени во законите таа линија е многу тенка. Владата со уредба стави вон сила одредени членови од Законот за спречување на корупцијата значи одредба од законот за спречување на корупцијата, конкретно од членот 34, со кој се забранува да се исплаќаат плати, пензии и други придонеси која што не е дел од редовните плати во време на изборна кампања“, рече Тасева.

Таа потсети дека таа одредба (од членот 34) сега е ставена вон сила меѓутоа стапува во сила веднаш кога ќе престане вонредната состојба.

Мораме да бидеме внимателни, законите да се применуваат онака како што се напишани и како што треба за да се спречи било какво сомневање за предизборна корупција и на ова треба да внимава владата односно луќето кои што ги носат овие одлуки“, вели Тасева која е основач и претседател на невладината „Транспарентност – нулта корупција.