Македонија 29. јануари 2021. / 10:32

Тасева: Постои систем на заробена  држава, највисоката власт ги контролира сите други власти

Тасева: Постои систем на заробена  држава, највисоката власт ги контролира сите други власти

Се виде дека постои систем на заробена  држава, кадешто највисоката политичка власт ги контролира сите други власти, рече Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл во гостувањето на „Утро со Златев“ на Радио Лидер.

Тоа, вели Тасева се пресликува во сите сегменти.

„Има извршна власт која го конторлира Парламентот којшто носи Закони онака како што и се потребни на извршната власт и ние имаме озаконета корупција. Имаме ситуација, 125 пати во седум години се сменил Законот за урбанизам. Се прават измени кои ќе овозможат моментално да се спроведе некое решение кое е потребно. а да биде во рамки на Закон“, рече Тасева.

Таа појасни дека затоа зборуваме за заробена држава и за системска корупција.