Македонија 17. ноември 2020. / 12:01

Тасева: Не сум задоволна да живеам во криминална држава, криминалците се посилни од се во оваа држава

Тасева: Не сум задоволна да живеам во криминална држава, криминалците се посилни од се во оваа држава

„Докторирав на тема перење на пари, постојано се залагам да се воспостави систем за борба против перење на пари. Имаме ли ние пари во државата што се под перници, не видовме добра анализа, вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во Студио 10 на ТВ24.

Во 2003 година се донесе законот за спречување перење пари, тогаш имаше недоверба во банкарскиот систем, тогаш беше аферата ТАТ. Главната поента е сега – од каде ова (легализација на капиталот), од каде сега има „пари под перница“. Некој нега излезе и нека објасни за процесот. Спорам со нефункционалната држава, како може да имаме толку дела од висока корупција, не сум задоволна да живеам во криминална држава. Криминалците се посилни од се во оваа држава?“ – вели Слаѓана Тасева од „Транспаренси Интернешнл“ во Студио 10 на ТВ24.