Некатегоризирано 27. февруари 2020. / 22:03

Таравари: Време е Али Ахмети да оди во пензија

Таравари: Време е Али Ахмети да оди во пензија

Ахмети бараше да има само 2 албански блока. И сега е така, Алијанса за Албанците со Алтернатива и ДУИ. Сега е битката помеѓу нас. После изборите време е Ахмети да замине во пензија. Ние Албанците, сме уморни да бидеме заложници на еден политичар кој е рѓосан. Нас ни е целта да го победиме ДУИ и со оваа комбинација сигурно ќе го направиме тоа, изјави генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, во гостување на телевизија Телма .

Во однос на коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, Таравари вели дека тоа е сосема легитимно, но засега Алијансата за Албанците смета дека не е време за коалицирање.

Искрено ова што се случи денеска, коалицијата помеѓу СДСМ и Беса е легитимно. Исто така на претседателските избори 4 албански партии истрчаа со СДСМ и тоа беше легитимно. Ние како партија Алијанса за Албанците мислиме дека не е време за вакви коалиции. Ние сме конзистентни во нашите ставови, секогаш одиме на тоа дека треба да се поддржи албанскиот блок – вели Таравари.