Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ја обвини власта дека одбива санкции кон Русија, односно одбива да ја поддржи ЕУ која изрече санкции против руската земја.
„Откако Зоран Заев стана премиер, Советот на ЕУ донесе 21 одлуки за продолжување и проширување на санкциите против Русија. Владата на Северна Македонија никогаш не е наредена во страната на овие одлуки. Владите Заев 1 и Заев 2 полни 21 пати одбиле санкции против Русија. Ова е загрижувачки тренд. Од друга страна ја имаме Албанија и Црна Гора кои потполно се наредени со ЕУ. Притоа, Северна Македонија на Зоран Заев и Србија на Вучиќ одбиваат европски санкции против Русија, рече Таравари на денешното обраќање.