Македонија 01. јуни 2020. / 11:01

Таравари: Владата да не ја сведува својата грешка само на однесувањето на граѓаните

Таравари: Владата да не ја сведува својата грешка само на однесувањето на граѓаните

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на неговиот фејсбук профил изрази загриженост во врска со состојбата со Ковид-19 во земјава. Откако за само неколку дена, драматично се зголеми бројот на заразени, тој пишува дека дури се чини дека ситуацијата излегува надвор од контрола во некои градови, ризикувајќи да не погоди пораз од незамисливи размери.

– Затоа, повеќе од кога и да е, апелирам до Владата да престане со ова пасивно однесување и да не ја сведува својата грешка само на однесувањето на граѓаните! напиша на својот Фејсбук, Арбен Тарвари.

Понатаму тој апелира: Итно да се организираат Патролни служби за да го следат спроведувањето на мерките и препораките во земјата и истите треба да бидат на служба која нема да се управува според пријателства, туку според законски одредби!

Владата итно треба да ја преземе ситуацијата во своји раце, и истата повеќе да не ја следи состојба од далечина како документарен филм, туку како наша реалност. Граѓаните треба да чувствуваат присуство на грижлива држава, а не држава што не може да се справи со пандемијата.

Не е нормално да се заканува со враќање на тоталната изолација со повторно блокирање на оваа и така кревка економија што се наоѓа во бездната, туку треба да се следи сериозен увид 24 часа низ целата земја и треба да бидат казнети сите оние кои не ги спроведуваат донесените мерки!, пишува Таравари.