Македонија 12. јули 2019. / 11:19

Таравари со реакција: Место да се охрабрат, само кај нас се казнуваат луѓето што пријавуваат нерегуларности

Таравари со реакција: Место да се охрабрат, само кај нас се казнуваат луѓето што пријавуваат нерегуларности

Градоначалникот на Гостивар и поранешен министер во владата на Зоран Заев, Арбен Таравари, остро реагираше на веста за покренатата дисциплинска постапка против Ѓорѓи Илиевски, инспекторот кој обзнани сомнение за незаконско унапредување на јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

-Место да се охрабрат и да се подржат луѓето кои што пријавуваат нерегуларности и незаконитости, кај нас тие се казнуваат. Оваа е една од главните причини зошто младите бегаат од државата, пишува Таравари.