Македонија 20. ноември 2020. / 23:08

Таравари: Села бара техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија и одиме на нови избори

Таравари: Села бара техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија и одиме на нови избори

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, вечерва гостува во „Клик Плус“ на ТВ21.

Таравари кажа дека претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села апелира за техничка влада. Барањето за техничка влада е со цел заедничко превземање на одговороноста на клучните политички теми, како што е спорот со Бугарија.

-Бараме техничка влада за да го решиме спорот со Бугарија, да добиеме датум за преговори со Евроската унија, и веднаш да одиме на нови парламентарни избори заедно со локални, кажа Таравари вечерва на гостувањето во ТВ21.