Владините одлуки за справување со коронавирусот не се соодветни, мерките се целосно олабавени за да се протуркаат избори, а земјава влегува во втор бран на пандемија, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, пренесе „Гостивар Прес“.
Тоа што состојбата е стабилна, не значи дека така ќе остане. Владата и функционерите најпрво треба да почнат кампања и да ги научат луѓето како да живеат со овој вирус. Без подигнување на свеста ништо не сме направиле, вели Таравари.
Тој препорачува Комисијата за заразни болести целосно да се смени и нуди кадри кои се професионални и кои нема да бидат под притисок на политиката.
А потоа да се почне од почеток за да не ни се случи трет или четврти бран. Веднаш после карантинот за бајрамските празници целосно се олабавија мерките и ова е тоа што го доживуваме, втор бран епидемија. А сето тоа се прави дефинитивно поради одржување избори. Ние сме први во светот коишто пред завршувањето на првиот бран, веќе влегуваме во втор бран, изјави Таравари.
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.