Македонија 19. февруари 2019. / 19:42

Таравари повторно остана без надлежности во образованието

Таравари повторно остана без надлежности во образованието

Преку неговиот фејсбук профил тој изрази жалење за овој потег и за тоа ги обвини политичките опоненти од ДУИ.

– Со длабоко жалење ве известувам дека денес на Општина Гостивар повторно му се одзедоа ингеренциите во образованието. Оваа одлука дојде од централната власт, т.е. од партиите ДУИ и СДСМ, иако верувам дека вторава нема голема улога во одлукава- напиша Таравари.

Тој потенцира дека општинската власт и покрај лошите услови нема никаква повреда што води кон ваква флагрантна одлука.Градоначалникот Таравари побара лично премиерот да се заинтересира за овој случај бидејќи, како што наведува, тој ги нема вистинските информации.

Надлежностите на градоначалникот на општина Гостивар во делот на именување и разрешување на директори на општински основни и средни училишта му беа одземени лани.