Македонија 25. август 2020. / 22:23

Таравари: Конфликтите во ДУИ се блеф за дефокусирање од ветувањето за премиер Албанец

Таравари: Конфликтите во ДУИ се блеф за дефокусирање од ветувањето за премиер Албанец

Откако ДУИ денеска информираше дека се надминати внатрепартиските превирања за составот на новата влада, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на Фејсбук напиша дека меѓу интегративците не ни постоел конфликт, туку сето тоа било блеф за дефокусирање на јавноста.

„Конфликтите во ДУИ беа обичен блеф, за да ги дефокусираат Албанците во СРМ, од неисполнувањето на единственото ветување што го имаа во овие избори, премиер Албанец“, напиша Таравари.

Инаку, најголемо незадоволство во партијата на Али Ахмети имаше кај пратеникот и партискиот потпретседател Изет Меџити, кој бараше тој да предложи вицепремиер, со што би се истумбала и министерската листа, односно Бујар Османи не би бил министер, а на негово место во Министерството за надворешни работи (МНР) би дошол Артан Груби.

Сепак, Меџити денеска порача дека ќе гласа за новата влада без оглед на несогласувањата.