Алијансата за Албанците го избра градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари за шеф на изборниот штабот на партијата за предвремените парламентарарни избори што треба да се одржат на 12 април.
-Едногласно од членовите на Централното претседателство беше избран Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој што на Централното претседателство му гарантираше дека заедно со изборниот штаб на Алијансата и со сите другите локални штабови ќе осигура и гарантира убедлива победа на Алијансата на изборите што ќе со одржат на 12 април 2020 година, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците