Тамара Тодевска на синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, пеејќи ја македонската химна, не го испеа, односно го изостави стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.
Пејачката Тамара Тодевска се огласи по скандалот и почна да се правда и извинува нејзиниот Фејсбук статус ви го пренесуваме во целост.
Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка.Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД.Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната.Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната.Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите.Со почит, Тамара, напиша Тамара на Фејсбук.
Верзијата на Тодевска, на видеото подолу по втората минута.