Македонија 27. февруари 2019. / 17:25

Талат Џафери против премиерот – неговата ќерка останува на работа во ЕЛЕМ

Талат Џафери против премиерот – неговата ќерка останува на работа во ЕЛЕМ

Претседателот на Собранието Талат Џафери нема да го послуша повикот на премиерот Зоран Заев за повлекување на вработените роднини на функционери во државни институции.

Ќерката на собранискиот спикер, Бесија Џафери е вработена во ЕЛЕМ.

На брифинг со новинарите Џафери денеска цитираше член од Уставот во кој се вели: дека „Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“, пренесува Макфакс.

Нури Бајрами, баџанак на Талат Џафери, беше избран за член на Комисисијата за спречување на корупција, едногласно одлучено дека во случајот нема судир на интереси.