Македонија 21. август 2020. / 13:45

Талат Џафери нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ пак да го води Собранието

Талат Џафери нема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ пак да го води Собранието

Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Собранието рече дека пратеничката група на неговата партија нема да го поддржи предлогот Талат Џафери да биде претседател на Собранието.

Тој објасни оти затоа што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е незадоволна од работата на законодавниот дом во преходниот мандат.

Талат Џафери го предложија за претседател на Собранието 62 пратеници, а предлогот го образложи, пратеникот Изет Меџити кој рече дека Џафери и досега успешно ја извршувал функцијата.