Во организација на Секретаријатот за европски прашања вечер во Македонска филхармонија во Скопје ќе се одбележи 110-годишнината од Битолскиот конгрес, односно Денот на албанската азбука.
На прославата под мотото „За нас сонцето изгрева на Запад“ ќе се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.
Собранието и Владата на Република Македонија годинава го задолжиле Секретаријатот за европски прашања да го организира одбележувањето на 110-годишнината од Битолскиот конгрес, односно Денот на азбуката.