Почна, па прекина седницата за законот за ЈО. Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата за Законот за ЈО за утре во 11 часот. Иако Џафери ја отвори првата точка, поради тоа што имаше триесетина пријавени да дискутираат на точката ја презакажа седницата.
Истовремено Џафери истакнаа дека нема фб профил поради што бе бил во можност да следи обиди на некои пратеници да комуницираат со него и дека тој ги следи процедурите на собраниската работа
На почетокот координаторот на пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски, жестоко реагираше за развојот на настаните.
Почнуваме седница во 22 часот а пратениците се цел ден во Собрание. Ова што се случува, преговори, разговори е одлика на оваа власта. Чекање цел ден зошто, за да има купување . Дали не можеше седницата да почне утре во нормален термин туку мораше во 22часот. Го Разбирам вашето брзање да се донесе Закон што ќе го спаси Заев и блиски околу него, но ова е непринципиелно волку доцна да се почне седни ца откако цел ден пратениците биле во Собрание и вака да се малтретираат, изјави пратеникот Никола Мицевски во Собранието
Јован Митревски пак рече дека треба да останат принципиелни затоа што многу комисии не биле закажувани на време
Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.
Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.