Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска нема да сведочи во случајот за настаните од “27 април”.
Судијата Илија Трпков објасни дека Џафери имал делегација во Собранието и оти можел да дојде после 12 часот.
Но, судијата одлучи тој да биде повикан на некои од следните рочишта бидејќи денеска и онака има голем број повикани сведоци.