Македонија 28. јули 2020. / 14:21

Талат Џафери дефинитивно нема корона вирус, потребен му е одмор

Талат Џафери дефинитивно нема корона вирус, потребен му е одмор

Претседателот на Собранието Талат Џафери дефинтивно нема корона, информираат од неговиот кабинет. Тој неколку пати бил тестиран и тестовите биле негативни.

Од Кабинетот велат дека неговата зравствена состојба е стабилна и му е неопходен одмор и мирување.

Засега нема информации кога ќе се одржи конститутивната седница за избор на новиот пратенички состав.