Македонија 28. август 2018. / 10:47

Талат Џафери честита Голема Богородица

Талат Џафери честита Голема Богородица

Претседателот на Собранието , Талат Џафери до сите верници упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

,,Почитувани граѓани на Република Македонија,

Почитувани верници од православна исповест, дозволете ми од мое лично име и од име на пратениците на Собранието на Република Македонија, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Празниците се денови во кои верниците меѓутоа и сите луѓе со чисто срце и јасна мисла искажуваат почит, добрина, чесност и љубов кон блиските, кон далечните, кон пријателите и непознатите. Нека секој ден биде таков ден, ден во кој ќе владее човечката добрина, искреност, чесност и разум. Заедно да се потрудиме да бидеме подобри луѓе, повредни граѓани за нашето општество, за нашата земја.

Ви посакувам празникот да го поминете во мир, спокој и убави мигови покрај вашите најблиски.

Нека е честит и за многу години!, се наведува во честитката на претседателот на Собранието , Џафери.