Се договориме на 12 април да имаме избори, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи по лидерската средба што се одржа вечерва во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.
– Фер и демократски избори и се потребни на Македонија – нагласи Тачи.
Toj посочи дека на средбата лидерите ја разгледале ситуацијата за можноста за ратификување на Протоколот за наше членство во НАТО од страна на шпанскиот Парламент, по што се договориле на 12 април да имаме избори.