Македонија 07. јануари 2020. / 23:01

Тачи: ДПА сама ќе оди на избори, не претпочита предизборни коалиции

Тачи: ДПА сама ќе оди на избори, не претпочита предизборни коалиции

Лидерот на ДПА Мендух Тачи даде одговор за настапот на предвремените парламентарни избори на 12 април. Тој денеска кажа дека на изборите ДПА ќе настапи сама и додаде дека неговата партија не претпочита предизборни коалиции. Тачи остави отворена можноста за постизборна коалиција со партија кој ќе ги исполни дваta предуслови – ДУИ да не биде дел од новата влада и тој да е вицепремиер.

Во принцип, од самиот почеток решивме сами да одиме на избори. Излегов со два предуслови за разговори со идните партнери за постизборна коалиција. Првиот услов е разгледување на можноста ДУИ да не биде дел од новата влада и вториот услов што го бараме е сериозни разговои за функцијата вицепремиер којa треба да ја преземе ДПА, но не формалeн вицепремиер како што е сега, туку еден вицепремиер кој ќе биде директно поврзана со премиерот, изјави Тачи.