Македонија 07. јули 2019. / 10:24

СВР Скопје започна превентивна кампања „Лето без пожари“

СВР Скопје започна превентивна кампања „Лето без пожари“

Од паркингот на средно Водно, Одделението за превенција при СВР Скопје од денес почнува со кампања и превентивни активности за реализација на кампања „Лето без пожари“.

Кампањата е во соработка со Град Скопје ПП Бригада на Град Скопје, Црвен крст на Град Скопје, а активностите ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на „Парк шума Водно“ по случаен избор ќе сопираат и патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на пожари на отворено со укажување од последиците и да не палат оган на отворено.

Од страна на ППБ на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани посетители рекреативци.

Активностите ќе продолжат во текот на летниот период во соработка општините на Град Скопје на девет стојни точки. Со остварување средби со граѓани и следење на состојбата на терен со превентивно делување со цел намалување на предизвикани пожари од невнимание од страна на граѓаните, преку подигање на свеста во однос на заштита и зачувување на зелените и шумските површини, како и подобрување на личната и севкупната безбедност на граѓаните да се обезбеди рано и брзо делување на надлежните институции за спречување на појава на пожари.