Македонија 28. септември 2019. / 13:28

Светскиот Македонски Конгрес поднесе кривични пријави против поранешните обвинители од СЈО

Светскиот Македонски Конгрес поднесе кривични пријави против поранешните обвинители од СЈО

Светскиот Македонски Конгрес поднесе кривични пријави против поранешните обвинители од СЈО зошто од основањето незаконски и недопуштено воделе истраги и гонеле.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денес поднесе кривични пријави против поранешниот специјален јавен обвинител Катица Јанева и дванаесетте поранешни јавни обвинители од Специјалното јавно обвинителство Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Донев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и злосторничко здружување, поради незаконска и недопуштена истрага и гонење врз основа на докази прибавени на незаконит начин кои во согласност со членот 12 од Законот за кривичната постапка не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука.

– Заради остварување на законските овластувања на Специјалното јавно обвинителство, определено како единствено стварно и месно надлежно за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското и неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, Собранието на седницата одржана на 9 ноември 2015 година донесе Закон за заштита на приватноста, со којшто се ЗАБРАНУВА поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година во изборен процес, политички и други цели и постапки! – напиша Тодор Петров на Фејсбук.