Македонија 31. октомври 2018. / 10:53

Светска Здравствена Организација: Тетово е меѓу најзагадените градови во Европа

Светска Здравствена Организација: Тетово е меѓу најзагадените градови во Европа

Според последната студија на Светската здравствена организација, македонскиот град е еден од 10-те најзагадени во Европа, со високи концентрации на ПМ10-честички во воздухот.

Друг град од регионот кој се наоѓа на оваа листа е Тузла, во Босна и Херцеговина, кој е индустриски град. Голем придонес во загадувањето имаат индустриите, греењето на домаќинствата и сообраќајот.

Како што наведуваат од СЗО, висока емисија на штетни гасови доаѓа од старите автомобили.