Македонија 13. мај 2020. / 16:00

Сведок го поби тврдењето на Рускоска за организаторите на „27 април“

Сведок го поби тврдењето на Рускоска за организаторите на „27 април“

Kако што минува времето и повеќе напредува судењето за настаните од „27 април“ така се повеќе излегува на виделина тенденциозноста на обвинителката Вилма Рускоска по секоја цена да се обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е организатор на протестите организирани под името „За заедничка Македонија“, како и на упадот во Собранието.

На денешното рочиште, сведок беше Антонио Кочков. Тој потврди дека вечерта на 27 април влегол во Собранието, бидејќи вратите биле отворени и кога влегол во главната сала видел поголема група како ја пее македонската химна.

Она што е најважно е дека тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржувало протестите, но оти во никој случај не биле организатори.

Со ова, паѓа главниот аргумент и теза која ја наметнува Рускоска дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите. Обвинителката по завршувањето на рочиштето излезе од споредниот влез и не даде изјава иако обично излегува на „голема врата“ и наголемо одоговара на новинарски прашања.

Дека денеска не и беше денот на обвинителката покажа и сведочењeто на тогашниот пратеник oд СДСМ, Оливер Спасовски. Таа не дозволи да му биде поставено прашањето дали бил поддржувач на Шарената револуција, но затоа инсистираше сведокот да направи паралела во функционирањето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, што судијата не го дозволи.

Според адвокатот Еленко Миланов, сведокот Оливер Спасовски денеска потврдил два факти.

Тоа е дека на координаците во Собранието не постоела апсолутно никаква согласност за примена на член 78 став 2 како што тој сметал дека треба да се примени и уште поважно со оглед дека е пратеник од 2006 од таа година никогаш не била прекината точката во момент кога има пријавени кандидати за понатаму да може да продолжи по наредна точка или по друга седница.

Тоа постапување на Трајко Вељановски е сосема деловнички и правилно е постапено, вели Миланов.

Адвокатот додава дека овде се суди за организатори на настаните од 27 април, а не на подджувачи како што во случајот биле ВМРО-ДПМНЕ.