Видео снимено во Идризово кое може да се погледне на социјалните мрежи прикажува сцени како од мафијашките филмови: Група затвореници се снимаат додека даваат свечена изјава. Низ вратата во една од келиите од петтото крило влегуваат Роми кои симболично преминуваат од ВМРО во СДСМ, како што вели модераторот на настанот. Тие дури и симоблично го отстрануваат црвено-црното знаме и го закачуваат синото на владејачката партија, објави Република.мк
СКАНДАЛОЗНА СНИМКА ОД ИДРИЗОВО: Затвор ли е, штаб на СДСМ ли е?
Posted by Republika Nedelnik on Friday, June 19, 2020
Даваме збор дека ние Ромите ќе гласаме за СДСМ, ама и ние Ромите бараме нешто за нас од СДСМ, вели модераторот.
Ќе ги тепаме вмровците, вели понатаму затвореникот, колнејќи се пред знамето на СДСМ дека „од денеска натаму сум СДСМ“
Со ова видео го поздравувам Заев, Шекеринска, Вицето брат ми, Маријан Даскал, Зоран Директорот и Јане Тица, вели Ромот, кој кажува дека добил ветување од Тица дека Ромите ќе бидат ценети отсега натаму во СДСМ.