Министерството за правда ги извести судските преведувачи да обезбедат нови печати со Северна Македонија.
Министерството за правда ги известува сите поставени постојани судски преведувачи дека согласно Амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија потребно е да направат промена на печатите за постојани судски преведувачи и наместо ‘Република Македонија’ да стои името ‘Република Северна Македонија’, стои во соопшението кое Министерството за правда го објави на својата веб страна.
Согласно Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, ве известуваме дека не е потребно да се прави промена во решенијата кои се издадени од страна на Министерството за правда, се додава во соопштението.