Судскиот совет „најостро го осудува“ однесувањето на Вилма Рускоска , откако шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал јавно и преку СМС порака испрати критики и закани до судиите во Апелациониот суд ,кои ја ослободија Катица Јанева од затворски притвор.
Телото на судиите констатира дека јавните изјави и закани на обвинителката се:
- Грубо кршење на принципот на еднаквост и рамноправност на учесниците во кривична постапка;
- Влијание врз јавноста по однос на законитоста на судската одлука спротивно на Уставот и позитивните законски прописи;
- Злоупотреба на правата во судска постапка;
- Недозволено мешање и притисок врз судиите при донесувањето на судски одлуки;
- Нарушување на угледот на судот и судската власт преку создавање на правна несигурност како еден од сегментите на принципот на владеeње на правото.
Реакцијата на Судскиот совет доаѓа по итниот колегиум на Апелациониот суд, на кој присуствуваа и тројца членови на судскиот свет.