Македонија 03. ноември 2018. / 22:50

Судот пресече: Билал Касами е легитимниот лидер на Беса, другите крила се нелегитимни

Судот пресече: Билал Касами е легитимниот лидер на Беса, другите крила се нелегитимни

Партијата Беса дефинитивно останува на крилото предводено од Билал Касами. Висок партиски функционер, за Плусинфо вели дека Основниот суд Скопје 2 ја одбил жалбата на крилото на Беса предводено од Африм Гаши, тој да биде впишан како претседател на партијата.

Дополнително, фактот дека битката за партијата ја добил Касами, бил поткрепен и со тоа дека и Управниот суд се прогласил ненадлежен за тужбата на Гаши.

Според ова, на крилото на Гаши му останува само опцијата, повторно да се обрати до Апелацискиот суд, но од групата на Касами велат дека приказната за тоа чија е Беса, е завршена.