Македонија 20. февруари 2019. / 22:57

Судот одлучи: Притвор за Ристовски и Јанакиески

Судот одлучи: Притвор за Ристовски и Јанакиески

Одреден е притвор за поранешните високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, дознава Телма од извори од судот.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој претходно беше приведен, од судот замина бидејќи се повика на пратеничкиот имунитет. Покрај овие тројца, се трага и по уште две лица кои се во бегство, Никола Груевски кој е во Будимпешта и Никола Бошковски, кој пак е во Атина.

Обвинителството ги сомничи дека се организатори за крвавиот четврток. Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата.

Повеќе детали за истрагата обвинителството најави за утре.