Јавноста беше исклучена во дел од денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во делот кога требаше да се прикаже претресот во домот на поранешната пратеничка Фросина Ременски. Судот тоа го стори на нејзино барање со образложение дека на фотографиите се гледаат просториите на нејзниот дом, вкучително и спалната соба и оти на тој начин се прави заштита на приватноста.
Претходно Ременски рече дека сака да го види најпрво видео материјалот од претресот за да може да утвдри дали има или нема совпаѓње со материјалот од нејзните домашни безбедносни камери. Полицијата кога влегла ги исклучила нејзните камери.
Според неа, претресот е извршен незаконски бидејќи при претресот немало никој дома а ниту биле законските услови за вреше на претрес по исклучок.