Македонија 15. октомври 2018. / 11:31

Судот му го одложи рочиштето на Груевски за да оди на седницата за уставни измени

Судот му го одложи рочиштето на Груевски за да оди на седницата за уставни измени

Судот му го одложи рочиштето на Груевски за да оди на седницата за уставни измени. Судијата Огнен Ставрев му го уважи барањето на експремиерот Груевски, кој на почетокот од судењето побара судот да го ослободи од денешното рочиште за случајот ,,ТНТ”.

,,Сакам да бидам ослободен од денешното рочиште. Сакам да присуствувам на седницата во Собранието, каде што има точка за промена на Уставот. Досега не сум ја користел таа можност”, рече Груевски.

Во 10 часот имало закажано пратеничка координација, но поради рочиштето и, како што рече, почитта кон судот, тој се појавил на судењето.

Обвинителот Бурим Рустеми од СЈО остави на судот да одлучи дали ќе го одложи рочиштето. Следното судење е закажано за 25 октомври.