Македонија 04. ноември 2019. / 14:22

Судот ја одложи седницата за оценка на обвинението за организаторите на 27 април – Доказите на увид на одбраната

Судот ја одложи седницата за оценка на обвинението за организаторите на 27 април – Доказите на увид на одбраната

Основниот кривичен суд во Скопје преку соопштение објави дека денеска ја одложил седницата за оценка на обвинителниот акт за организаторите на настаните од 27 април. Одложувањето, според Судот, е на барање на одбраната која побарала увид во доказите.

Во соопштението се вели дека одбраната побарала увид во доказниот материјал, бидејќи до сега ОЈО за гонење на организиран криминал не дозволил увид во доказите.
Советот за оценка на обвинителн акт кој постапува по актот во јавноста поврзан со „Организација на настаните од 27 април 2017 год.” по барање на одбраната, денеска ја одложи закажаната седница и на одбраната и дозволи увид во комплетниот доказен материја. Имено, одбраната истакна дека Обвинителството во досегашниот тек на постапката не им дозволил увид во сите списи од предметот, па со цел заштита на правата на странките, Судот во согласност со одбраната на 11 ноември дозволи во текот на целиот ден да вршат увид во списите, информираат од судот.

Од таму додаваат дека со оглед дека ниту обвинителот, ниту одбраната не можат порано да присуствуваат на термини, што им беа понудени од советот, седницата за оценка на обвинителниот акт е закажана за 6 декември 2019 година.

„Воедно на денешното барање на одбраната за присуство на јавност на седницата, советот ги извести странките дека, иако од претходно закажано, до сега никој не се обратил со барање за присуство на јавноста на конкретната седница и советот нема донесено решение за исклучување на јавноста, а по добиено конекретно барање советот дополнително ќе се произнесе, со оглед дека денешната седница беше одложена”, се вели во соопштението на судот.