Македонија 21. август 2019. / 21:00

Судот и одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева

Судот и одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева е во истражниот затвор “Скопје” во Шуто Оризари, пишува А1ОН.

Судија на претходна постапка ѝ определи 30 дневен притвор во истрагата за случајот “Рекет” како третоосомничена. Таа има право на жалба преку нејзините адвокати до кривичниот совет.

Притворот го побара обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот “Империја”.

Во притвор за истиот случај веќе втор месец се осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милевски.