И на денешното рочиште во судскиот процес помеѓу Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, не е дозволено снимање на судењето од страна на медиумите.
Како што дознава Лидер, дел од медиумите побарале да го снимаат процесот, но по барање на тужителот – снимање не е дозволено.
Инаку, на денешното рочиште не се појави Вице Заев, туку само неговиот адвокат и братучед Горан Заев.
На денешното рочиште во Скопје 2, двете страни ќе ги дадат завршните зборови.