Македонија 20. ноември 2019. / 13:41

Судот ги одби барањата за времени пасоши на Камчев и Панделески

Судот ги одби барањата за времени пасоши на Камчев и Панделески

Основниот кривичен суд во Скопје информираше дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во случајот „Империја”, Орце Камчев и Цветан Панделески, газдата на “Пелистерка”.

-Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање – извести судот.

Камчев бараше времен пасош со рок од една година и понуди гаранција.