Пред почетокот на денешното рочиште, судијката Васка Николовска Масевска му се обрати на Бојан Јовановски за неговото досегашно однесување на рочиштата.
Таа побара Јовановски да се однесува пристојно и да го почитува судот.
– Ова не е место за правење шоу, туку судница. Се надевам дека ќе се однесувате пристојно – му рече судијката на Боки.