Поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, третообвинет во „ТНТ“, не дојде на денешното судење бидејќи вчера бил претепан , по што судијата Огнен Ставрев го одложи судењето и нареди Трајковски да биде стражарно спроведен со полиција за утрешното рочиште, пишува Сакам да кажам.
Поранешниот градоначалник Тони Трајкоски, синоќа беше нападнат и претепан по што бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, со повреди на главата и телото.
Пациент со тоа име и презиме беше прегледан во текот на синоќешното дежурство, по полноќ. На Клиниката беше задржан за опсервација околу осум часа. Утрово во стабилна состојба беше препратен на Клиниката за максилофацијална хирургија за понатамошен третман“, велат од УК ТОАРИЛУЦ за 360 степени.
„360 степени“ стапи во контакт со сопругата на екс-градоначалникот на Гази Баба, која ни рече дека Трајковски има повреди на лицето, главата и грбот, и дека се наоѓа на Клиниката за инфективни болести.
Во моментов сме на Клиниката за инфективни болести, тој има повреди на главата, лицето и грбот и не може да зборува. Треба да прими тетанус, вели сопругата на Тони Трајковски.