Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје Седат Реџепагиќ ќе реши дали Катица Јанева вечерва ќе преноќи во Козле или во Шутка.
Останатите судии на претходна постапка кои работат на предмети од организиран криминал се на одмор, па за барањето за притворање на Јанева решава Реџепагиќ, објави 360 степени.
Неговото име се спомнува во еден од аудиоразговорите меѓу Јордан Камчев и Боки 13, кои се дел од истрагата за „Рекет“, при што Камчев му вели на Боки 13 дека постапил како што го советувал и дека извесно барање поднел во ден кога на одмор е судијката Весна Димишкова, а на смена е Седат Реџепагиќ.