Бизнисменот и ексградоначалник Владимир Тодоровиќ не се појави денеска во Судот, каде што требаше да сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.
Судењето се одложува за утре, за кога одбраната треба да ги обезбеди сведоците Тодоровиќ и Лидија Јаневска, која исто за денешното рочиште имала неуредна достава на покана.
Тодоровиќ, со писмен поднесок го известил судот дека од 25 до 28 февруари ќе престојува во Бугарија поради деловни обврски.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Тодоровиќ е еден од 12-те предложени сведоци од обвинетиот Бојан Јовановски. Сведоци на предлог на Боки ќе се сослушуваат и наредната недела, а меѓу нив ќе бидат и Сергеј Варошлија и сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче.
Судијката Васка Николовска-Масевска, информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.