Македонија 31. јануари 2020. / 14:26

Судењето на организаторите на „27 април“ ќе почне на 21 февруари

Судењето на организаторите на „27 април“ ќе почне на 21 февруари

На 21 февруари почнува судењето за организаторите на настаните од „27 април“, најави денеска Обвинителката Вилма Рускоска.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.