Македонија 18. ноември 2018. / 17:29

Студенти од „Кузман” реагираат: Пет дена сме без греење и топла вода!

Студенти од „Кузман” реагираат: Пет дена сме без греење и топла вода!
Најладните денови од почетокот на оваа зима, студентите од студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” ги дочекуваат без греење и топла вода.
До редакцијата на „Економски Лидер” пристигна меил од студентите кои сведочат за неподносливите услови.
Недела, петти ден по ред во Студентски дом Кузман без греење и топла вода.
Секој нов ден исто прашање ДО КОГА ВАКА??? 
До кога ние студентите во студентските домови ќе се бориме со условите кои секој ден се лоши и полоши?? 
Зимата еве ја, звукот на калорифери и фенови од собите се слушаат како мака мачат да ја загреат секоја ладна соба, 
Тенџериња полни со ладна вода на кои и стоиш и молиш да се загрее од само што не завршената плинска боца.
Среќа што ја имаме топлината од сите нас, од сите нас кои сме сместени во мизерни услови, услови во 21 век, услови кои сите заедно ги чуствуваме, услови за кои имаме надеж дека ќе бидат подобри како што ни требат за НАС СТУДЕНТИТЕ ВО ДОМОВИТЕ.
Не бараме многу, бараме тоа што не следува, бараме услов за да опстанеме. – велат во меилот кој попладневно пристигна на официјалната меил адреса на „Економски Лидер”.
Во текот на утрешниот ден ќе се обидеме да добиеме подетални информации од надлежните институции.