Водата во Струга забранета за пиење. Осум дена од чешмите тече загадена вода проблем кој се провлекува години нананазад, во одредени периоди имаат недостиг од вода, на моменти е со сомнителен квалитет и мирис а сега поради обилните врнежи од дожд кои изминативе денови го зафатија Струшкиот регион водата е матна.
Стружани на социјалните мрежи реагираат и се жалат дека проблемите со водата за пиење повеќе не се издржуваат, а револтот пред еден месец го изразија преку мирен протест.
–Како не ви е срам водата од водоводот во Струга веќе 8 ми ден е загадена! Време е некој да поднесе одговорност.
Водата ни е забранета за пиење но и за хигиенски потреби. Дефинитивно ја претеравте!, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.
Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека е една од причините за ваквата состојба е лошата хидролошка состојба но и изградените мали хидроцентрали кај изворите кај Горна Белица.
Од Центарот за јавно здравје, потврдија дека водата во струшко сеуште е бактериолошки неисправна според последните микробиолошки испитувања и забранета за употреба.