Поранешниот претседател на Основниот cyд 1 Скопје cyдиjaта Владимир Панчевски, на својот Фејсбук профил обелодени дека тyжбaтa која тој ја упатил до Cyдот за човекови пpaва во Стразбур против СЈО е yвaжeнa, а и втората тyжбa која се однесува на нeзaкoнитocтите на ОЈО кои служат исклучиво како инструмент на власта.
Борбата продолжува, покрај уважената прва тужба во прелиминарна фаза до Судот за човекови права во Стразбур во врска со незаконитостите на СЈО, сега и втората тужба за незаконитостите на ОЈО Скопје ја помина првата прелиминарна фаза!
Тужбите се против Република Македонија и овие две институции – обвинителства кои докажаа дека се инструмент на власта против граѓаните, Македонија стана држава со срушен и уништен правен систем и клиентелистички институции кои секојдневно ги бојкотираат и повредуваат правата на граѓаните. Затоа и јас БОЈКОТИРАМ ваков правен систем на власт и институции каде политиката е над правото! Бојкотирам на нај демократско начин изразено преку моето право на глас!
Почитувани пријатели верувајте во правдата, кога тогаш таа доаѓа по своето, напиша Панчевски.